Црвеното пенкало кое го користат наставниците за да ги поправаат тестовите и домашните работи е опасно по менталното здравје на учениците зошто црвената боја е агресивна, според најновите образовни стратегии на австралиската влада.

Оваа стратегија го подели парламентот во Австралија каде од опозицијата ја нарекоа налудничава и левичарска, додека министерот за здравство нагласи дека самоубиствата кај младите луѓе е сериозен проблем.
Останатите совети до наставниците се да се извинуваат на учениците кога тоа е потребно и да бараат од нив да прават ревизија на своите лични способности каде ќе се фокусираат на индивидуалните јаки страни наместо на слабостите.
Прирачникот, направен за да им помогне на наставниците од Квинсленд да го одржат менталното здравје во училницата, сугерира, дека социјалната и емоционална благосостојба е тесно поврзана со училишните денови. Според некои австралиски групи за проценка на менталното здравје, 14 проценти од австралиските деца и адолесценти страдаат од некакви психички проблеми, а најголем дел од нив кои се соочуваат со такви проблеми се на возраст помеѓу 18 и 24 години.