Црвена ѕвезда, Динамо, Лил и Слован се пласираа во групната фаза од Лигата на шампионите


Фудбалерите на Црвена ѕвезда се пласираа во Лигата на Шампионите откако синоќа во Белград го победија норвешкиот Бодо Глимт со 2:0 во реваншот од плеј офот на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Во првиот натпревар во Норвешка беше 2:1 за Бодо Глимт. Головите за Црвена ѕвзда ги постигнаа Бруно Дуарте во 26 минута од пенал и Урош Спајиќ во 59 минута.

Динамо Загреб вчера го потврди учеството во Лигата на Шампионите откако и на гости го совлада Карабаг со 2:0. Претходно во Загреб Динамо победи со 3:0.

Во Лигата на шампионите се пласираше и француски Лил, иако претрпе поразот на гостувањето во Прага од Славија со 2:1, но Французите на домашен терен победија со 2:0.

Слован Братислава го елиминираше Митјиленд, со победа од 3:2, а во Данска првиот натпревар заврши нерешено 1:1.

- Реклама -