Cruxcase ја претстави својата нова кутија за iPad, која го претвара таблетот во вистински лаптоп.
За 155 долари Cruxskunk ви дава целосна QWERTY тастатура со физички копчиња, Bluetooth конективитет за поврзување со iPad и шарка која уште е подложна на патент и овозможува ротација од 360 степени. Тастатурата е компатибилна со најновите iPad и iPad 2.
Тастатурата заедно со iPad создава лаптоп дебел 19 милиметри – малку подебел од 17 милиметри на Macbook Air. Само Cruxskunk тастатурата е дебела 6 милиметри. Трите главни делови на тастатурата се создадени од „едно парче алуминиум од највисок квалитет користејќи го истиот процес кој Apple го користи за Macbook и iPad“.
Авторот на оваа тастатура вели дека луѓето кои го виделе дизајнот прво помислиле дека се работи за Macbook Pro. Cruxcase, компанија која создава производи кои се интегрираат со направи на Apple, создаваат слични кутии веќе две години.
До денес компанијата собрала преку 135.000 долари, со уште 30 дена на располагање преку нивната Kickstarter кампања. Кампањата ја надмина оригиналната цел, 90.000 долари, минатата недела. Луѓето кои ќе помогнат во финансирањето ќе добијат кожна футрола за тастатурата и USB кабел за полнење на батеријата.