Corvette Cabriolet во 2014?

Само неколку денови по премиерата на седмата генерација на Chevrolet Corvette, на Интернет се појавија фотографии на кабриолет верзијата на овој модел. Новата Corvette е претставена во неделата во Детроит, неспоредно пред отворањате на меѓународниот саем за автомобили што се одржува во тој град.

Иако Chevrolet освен купе верзија има во план и кабриолет варијанта на овој авомотбил, за сега од компанијата нема официјални информации за моделот со отворен кров, а тој најрано би можел да се појави во 2014 година.

C

Во меѓувреме, на сајтот The Auto Insider, се објавени прилично верни фотографии на кабриолет верзијата на новата Corvette. Како што тврди сајтот, не е во прашање Photoshop. По тој повод се огласи и шефот на Бирото за односи со јавност на Chevrolet, Михаел Албано, кој во кратка изјава демантираше дека станува збор за фотографии од идниот кабриолет Corvette C7.

87901851850f7b678f0697751824187_640x30385

Дури и ако се во прашање вешто направени рендери, секако интересно е да се види како би можела да изгледа новата Corvette кога еден ден ќе биде презентирана во кабриолет верзија.

Седмата генерација на Chevrolet Corvette претставува напредок во дизајнот кога станува збор за овој легендарен модел, а основната верзија ја движи новоразвиениот 6.2 литарски V8 мотор со директно вбризгување, кој е во сотојба да развие 457 ks и 610 Nm обртен момент. Во Chevrolet велат дека тоа е најмоќниот основен модел на некоја Corvette.

2014-corvette-stingray-600x1257

- Реклама -