Copy-paste: Кој краде, a кој се инспирира?

Сметаме дека модните дизајнери се иноватори…Тие се луѓе со креативно  размислување кои можат да создадат се, па  и дури повеќе од очекуваното! Сепак креативноста бара еден малку поинаков пристап и начин на восприемање на околина. Големите модни дизајнери се инспирираат од сè, а понекогаш дури и од своите колеги во индустријата. Како што знаеме секој тренд порано или подоцна се враќа и нема трендови што се целосно нови и неочекувани.

Сепак погледнете кој од каде ја црпи инпирацијата, или копира?

Карла Бруни во 1994-а vs Ана Дело Русо во 2013-а

Облеката која Карла ја носи е за фотосесија за модното списание, Snaps е од Артур Елгарт. Изгледа овој фустан и  послужил за инспирација на модната куќа Céline и нивната pre-fall колекција за 2013-а.

 Geoffrey Beene 1967-ма vs Том Форд есен зима 2014-2015

Новата есенско-зимската колекција на Том Форд е инспирирана од 60-тите, а најголем впечаток ни оставија  кратките „фудбалски” фустани. По презентацијата на колекцијата за време на модната недела во Њујорк,  Том Форд призна дека несвесно се инспирирал од септемвриската фотосесија за Harpers Bazar во 1967-ма и фустаните на Geoffrey Beene. Според нас нема голема разлика и не се работи само за  инспирација,  но оставаме на вас да процените …

 Jane Birkin 1970 наспроти DSQUARED пролет-лето 2014

Pрекраснaта Jane  Birkin пред oбјективот на  Алекс Шатлен за Вог Париз во 1970 година, се облече  со бела плетена блуза , која се појавува како инспирација на  Дан Катен и нивнaта нова колекција на DSQUARED .

Balenciaga есен-зима 2007 vs Fay пролет-лето 2014

Во 2007-мата година  Nicolas Ghesquière, тогашен креативен директор на Balenciaga, ни претстави оригинални и шарени модели на чевли инспирирани од Лего, но  дизајнерите од Fay (десно), направија слични.

Valentino Garavani во 1969 година vs Vika Gazinskaya пролет-лето 2014-а

Прекрасно е романтичното палто со слика на фламинго од новата колекција на русинката  Vika Gazinskaya за оваа пролет, но  пред него, сепак, Валентино ја имал истата идеја .

Louis Vuitton есен-зима 2013-2014 vs Zara есен-зима 2013-2014

Облеката инспирирана од долната облека е   за голема среќа тренд, што секогаш се враќа. Колекцијата која Марк Џејкобс ја создаде за Louis Vuitton е под влијание токму од оваа убава, сексапилна чипка и нежната долна облека. Шпанската модна марка Zara се согласи дека е ова одлична колекција 🙂

Иман во 1991-ва vs Balmain пролет-лето 2014

Не можевме да одмориме поглед од оваа неверојатна слика од 1991-ва, на која прекрасната Иман и нејзиниот сопруг Дејвид Боуви се шетаат наоколу, држејќи се за рака. Визијата на Иман е толку импресивна и стилска, подготвена да биде рефлектирана во секое едно модно списание. Olivier Rousteing го направил тоа, но во неговата колекција за Balmain.

Azzedine Alaia пролет-лето 1986 наспроти Blamain пролет-лето 2013-та

Неговата облека од тексас изгледа одлично со секоја тековна година и во секоја сезона. Можеби ова е нај неочигледната копија од оваа колекција.

- Реклама -