Coca-Cola: Најдолго чуваната тајна

ТајнаПричината зошто оваа тајна толку долго и толку љубоморно се чува е неверојатниот профит што истата им го донесе на оние што ја поседуваат. Стотици, веројатно илјадници луѓе се обиделе да ја разоткријат во текот на минатиот век, но никому не му успеа, затоа што во секое време, само по двајца луѓе имаат пристап до неа…

Причината зошто оваа тајна толку долго и толку љубоморно се чува е неверојатниот профит што истата им го донесе на оние што ја поседуваат. Стотици, веројатно илјадници луѓе се обиделе да ја разоткријат во текот на минатиот век, но никому не му успеа, затоа што во секое време, само по двајца луѓе имаат пристап до неа…

Coca-ColaСе работи за формулата за најпопуларниот пијалак во минатиот и овој век – кока-кола. Иако во составот има само 4 состојки, соодносот во кој се мешаат не успеа да го погоди никој од стотиците имитатори кои се појавија и исчезнаа со текот на времето. Пијалокот беше повлечен од Индија, затоа што тамошниот закон налага сите производи да ги откријат своите состојки пред владата.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Онаа стара изрека која вели дека тајна која ја знаат повеќе од двајца престанува да биде тајна била буквално сфатена од одговорните во компанијата, па затоа, во секој момент формулата им е позната на само двајца од директорите на бордот. Едно време, се рашириле гласини дека обајцата имаат кај себе по половина од формулата и од таа гласина се роди и една рекламна кампања. Постерот за истата можете да го видите на фотографијата во текстот. Сепак, тоа беше само рекламна кампања.

Но, сепак постојат правила за однесување на двајцата одговорни директори кои велат дека тие не смеат да патуваат со ист авион, а постојат и специјални околности при кои може да се пристапи до оригиналната копија од формулата која се чува на неоткриена локација, во една американска банка која за чувањето на истата има добиено голем број акции од компанијата кока-кола.

Со оглед на профитот кој и натаму го носи овој пијалак, се чини дека најдолго чуваната тајна ќе остане тајна уште долго, долго време…

- Реклама -