CLA Е МОДЕЛ СО НАЈДОБАР ПРОДАЖЕН СТАРТ

Моделот Mercedes CLA е со најдобар продажен старт во компанијата во последните 20 години. Во моментов CLA е неверојатен хит на сите пазари и Mercedes буквално не може да се справи со побарувачката на возилото.

Од компанијата ги информирале дилерите дека нема да можат да ги добијат нарачаните за првата половина на следната година примероци, поради недоволен капацитет на производство. Автомобилот се прави во фабриката на брендот во Кечкемет, во Унгарија, кој работи со максимален капацитет и се смета дека производството ќе се израмни со побарувачката дури во јули следната година.

Интересот за моделот CLA му овозможи на Mercedes да ги стигне во САД главните конкуренти – BMW и Audi. Купувачите на CLA се помлади од просечната возраст на сопствениците на сите модели на брендот Mercedes во САД – нивната просечна возраст е 46 години.

- Реклама -