ЦК на Левица: До локалните избори втора партија во државата

На вчерашната XXVII сесија на Централниот комитет на Левица на 6-ти октомври 2024 година, донесени беа стратешко-политички одлуки за дејствувањето на Партијата во наредната година.

Се дискутираа и се утврдија насоките за внатрепартиската и надворешната активност во услови на нова десничарска Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Улогата на Левица е да застане во одбрана на граѓаните од разорните политики на реакционерната власт која ќе удри по работниците за да се задоволи олигархијата, како и да биде кочница за потенцијалните раздорни процеси по националните интереси следејќи ја капитулацијата на Мицкоски во однос на т.н. Преспански договор и Договорот за добрососедство со Бугарија.

По падот на претходната власт на СДС и ДУИ, Левица е подготвена да го консолидира епитетот на главна опозициска сила со кој се здоби од почетокот на овој парламентарен состав, за веќе на наредните избори да претендира за најдобар резултат во левиот политички блок, и со тоа да го финализира процесот на ПАСОКИЗАЦИЈА.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Цврстата идеолошка рамка на борбата за национална и социјална слобода, врз кои е изградена Партијата, се главните идејни принципи кои во овој момент го обединуваат прогресивното јадро во Републиката.

Ќе победиме.

ПП Левица

- Реклама -