Можеби звучи смешно, но во викторијанска Британија во 19 век, циркусот со болви била серозно сфатена форма на уметност и голема сензација. Болвите биле тренирани да изведуваат секакви враголии: точки на трапез, возење велосипед, влечење кочии, одење по јаже…
Можеби звучи смешно, но во викторијанска Британија во 19 век, циркусот
со болви била серозно сфатена форма на уметност и голема сензација.
Болвите биле тренирани да изведуваат секакви враголии: точки на трапез,
возење велосипед, влечење кочии, одење по јаже…
Болвите, со нозе потенки од човечко влакно, можат да влечат 700 пати поголема тежина од нивната, можат да подигнат товар 60 пати поголем од нив и да скокнат 150 пати повисоко од нивната сопствена висина што ги прави вистински акробати.
Секоја нивна точка може да биде нивната последна, зошто нивниот животен век е една година, тренингот им започнува на шест месеци, а потребни се три месеци за да ги усовршат нивните точки.
Болвите изведувачи биле популарна сензација уште од многу оддамна, можеби дури и во стариот Египет, но станале ултра популарни во Викторијанскиот Период во 19 век, кога нивните точки биле најдраматични: тие изведувале пародии на актуелните афери, боксерски мечеви, а европските изработувачи на накит и часовничари ги демонстрирале своите вештини изработувајќи минијатурни скулптури за нивните настапи и минијатурни сребрени узди во кои може да се впрегне една болва.
И покрај осудите на Друштвото за спречување на насилството кон инсектите денес сè уште се изведуваат акробатски точки со болви во можеби последниот таков необичен циркус на Hans Mathes.
[Victorian Flea Circuses: A Lost Art Form]