Чудотворните својства на лукот

Лукот секако спаѓа меѓу најздравите намирници и најпопуларните народни лекови. За него се напишани книги, а нема дом што не поседува барем една главица. Прочитајте малку повеќе за оваа чудесна билка.

luk3

1.Докажано е дека лукот помага бебето во матката да добие на тежина поради што им се препорачува на бремените жени, доколку претходно не раѓале покрупни бебиња.

2.Лукот го зајакнува имунолошкиот систем и е силен борец против инфекциите на градниот кош, го олеснува дишењето и кашлицата. Во зимските месеци лукот е идеален за спречување на грипот и настинката.

3.Оваа намирница содржи големи количества јод што ја прави многу ефикасен лек против хормонските пореметувања.

luk2

4.Лукот важи за силен афродизијак па се препорачува во борба против импотенцијата.

5.Кардиоваскуларните болести можат да се превенираат и да се намалат со консумирање на лукот, а се верува дека и насобраните наслаги во вените можат да се намалат со помош на оваа чудотворна билка.

6.Габичните и вагиналните инфекции се уште една состојба што лукот ја решава со леснотија. Имено, тој го отпушта алицинот, компонентата што важи за природен антибиотик. Забележано е дека во првата светска војна војниците го користеле изгмечен за лекување на инфицираните рани.

luk1

7.Лукот е одличен извор на витамините Ц и Б6 кои се неопходни за нашиот имунитет. Тој е одлична превентива за многу канцерогени заболувања, а познато е дека го регулира и крвниот притисок како и нивото на инсулинот во крвта.

- Реклама -