Една од постарите, една од најголемите и – благодарение на интернет – една од најпопуларните „мистерии“, е приказната за чудниот случај на Едвард Мордејк.
Приказната вели дека Мордејк бил роден во семејство со благородничка крв, но дека страдал од ужасен генетски вроден деформитет: имал второ лице на тилот од главата.
Мордејк тврдел дека другото лице често му шепотело злобни и страшни нешта додека спиел. Наводно ги молел докторите да му го отстранат, но тоа никогаш не се случило, а Мордејк, не можејќи да продолжи да живее со немилосрдниот паразитски близнак – извршил самоубиство кога имал 23 години.
Оттогаш, разни верзии од приказната за Мордејк кружат во претстави, филмови, на телевизија, во музиката (песната на Том Вејтс – „Poor Edward“) итн. Во многу од овие прераскажувања и реимагинации, Мордејк е претставен како вистински човек. Неговиот случај е наведен дури и во медицински журнал од 1896.
Сепак, иако има вистински случаи на овој редок деформитет, приказната на Мордејк беше само измама креирана од писателот на научна фантастика – Чарлс Хилдрет, во 1895. Сликата (таа погоре) од „вистинскиот“ Едвард Мордејк, пак, што во поново време ја има насекаде по интернет, е всушност слика од восочната реплика што е направена врз основа на тоа како Мордејк би можел да изгледа (ако некогаш постоел).