Чудни закони од САД

американски закониСекоја земја си има по некој закон кој може да биде чуден за остатокот од светот. Повеќето вакви закони потекнуваат од времињата кога човековите права биле само идеја, и државите сакале буквално да го управуваат секој аспект од животот на граѓаните. Овие закони напишани пред долго време во САД, некој едноставно заборавил да ги избрише, па затоа, внимавајте ако планирате да ја посетите земјата.

Секоја земја си има по некој закон кој може да биде чуден за остатокот од светот. Повеќето вакви закони потекнуваат од времињата кога човековите права биле само идеја, и државите сакале буквално да го управуваат секој аспект од животот на граѓаните. Овие закони напишани пред долго време во САД, некој едноставно заборавил да ги избрише, па затоа, внимавајте ако планирате да ја посетите земјата.

американски закони

Ајдахо
– Забрането е маж да ѝ подарува на својата љубена кутија со чоколадо која тежи помалку од 25 килограми.

Ајова
– Според државниот закон, на сите установи им е забрането да наплаќаат влез за настап на пијанист кој има само една рака.

Алабама
– Во Алабама е легално да возите во пограшна насока по еднонасочна улица, под услов на предниот дел од автомобилот да имате поставено фенер.

Аризона
– Ако во Аризона направите прекршок додека носите црвена маска, тој ќе биде третиран како кривично дело.

Арканзас
– Флертувањето помеѓу припадници на спротивниот пол на улиците на Литл Рок ќе ви донесе казна од 30 дневен притвор.

Вашингтон
– Нелегално е некој да се преправа дека неговите родители се богати.
– Лижавчињата се забранети.
– Во закон чија цел е намалување на криминалот е запишано: „Секој возач кој планира да изврши криминално дело, задолжително мора да застане пред да влезе во градот и да му се јави на полицискиот началник за да го извести.“

Вермонт
– На рестораните им е забрането да користат маргарин со боја, а ако го користат, тоа мора да биде напишано во менито со букви високи 5 сентиметри. Сиот маргарин со боја мора да биде послужуван во триаголн парчиња.
– На жените им е потребна писмена дозвола од сопругот за ставање вештачки заби.

Вирџинија
– На кокошките им е дозволено да снесуваат јајца само помеѓу 8 и 16 часот.
– Во Ричмонд, во сите угостителски објекти, е забрането фрлање на паричка за утврдување кој ќе плати за кафе.

Делавер
– Забрането е прелетување на било која водена површина ако со себе не носите доволно намирници.

Индијана
– Забрането е бањање во текот на зимата.

Калифорнија
– Во Калифорнија е нелегално да поставите стапица за глувци ако не поседувате дозвола за лов.
– Исто така е забрането плачење додека сведочите во судница.
– Во Риверсајд не смеете да носите спакуван ручек со себе помеѓу 11 и 13 часот.
– Сончевата светлина е гарантирана (што значи дека населението може да ја тужи државата за сите облачни денови).

Кентаки
– Во Лексингтон е забрането да носите корнет во џеб.

Колорадо
– Забрането е мачки да се шетаат по улица ако не се опремени со стоп светла.

Конектикат
– Во Нова Британија, брзината на противпожарните возила е ограничена на 40 километри на час. Дури и кога одат да гаснат пожар.

Масачусетс
– Во Бостон е забрането да се бањате, освен ако така ви наредил вашиот доктор.
– Во баровите е забрането да се шетате со кригла или шише пиво во рака.
– Забрането е продавање или поседување на пиштол на вода.

Мејн
– Во Вотервил е забрането да си го издувате носот додека сте на улица.

Минесота
– Забрането е да возите црвен автомобил по улицата Лејк во Минеаполис

Прочитајте и:  Русија со предупредување до НАТО поради американските дронови над Црно Море

Мисисипи
– Во Труро, младоженецот пред свадбата мора да улови или шест косови, или три чавки, за да докаже дека е маж.

Монтана
– Свадби со двојно посредништво се признаваат. Што значи дека ни невестата ни зетот мораат да бидат на свадбата, во случај да имаат нешто поважно тој ден.

Небраска
– Според законот во Хејстингс, хотелите мораат да им обезбедат на сите гости бели памучни кошули за спиење. Исто така, на двојки им е дозволено да имаат секс во хотел само ако ги носат белите памучни кошули за спиење.
– Ако дете ждригне за време на црковна служба во Омаха, неговите родители можат да бидат уапсени.
– На сопствениците на барови им е забрането да продаваат пиво ако истовремено не подготвуваат супа.

Невада
– Во Елко, секој кој се шета по улица мора да носи маска.

Њујорк
– Казна од 25 американски долари е предвидена за флертување. Овој закон специфично им забранува на мажите да се свртат на било која улица во градот за да „гледаат во жена на тој начин“. Второ обвинение за прекршување на овој закон со себе носи коњски ам кој прекршителот ќе мора да го носи секој пат кога излегува од дома.

американски закони

Њу Мексико
– Во Ратон е забрането жена да јава коњ по улица ако е облечена во кимоно.

Њу Хемпшир
– Забрането е да ја мрдате главата, нозете или било кој дел од телото во ритам со музика во ресторани, гостилници и кафулиња.

Њу Џерзи
– Забрането е да ја пиете супата од чинијата.
– Не смеете сами да се послужите на бензинска пумпа.
– Во Њуарк е забрането продавање на сладолед по 18 часот, освен ако купувачот има докторска потрврда.

Оклахома
– Кучиња мора да имаат дозвола потпишана од градоначалникот за да се собираат во групи поголеми од три.
– Не смеете да спеите врз фрижидер на отворен простор.

Охајо
– Никој не може да биде уапсен во недела или на четврти јули.
– Во Мерион е забрането да јадете крофна и да одите наназад по улица.
– Во Јангстаун е нелегално да останете без гориво во вашето возило.

Пенсилванија
„Секој возач кој ќе забележи коњи како се приближуваат кон него мора да се паркира крај патот, и да го покрие автомобилот со кебе или платно кое одговара на позадината, за да им дозволи на коњите да поминат. Ако коњите сепак се однесуваат како исплашени, тогаш возачот мора да го расклопи автомобилот и да го сокрие зад најблиските грмушки.“

Северна Каролина
– Забрането е фалш пеење.
– Во Ешвил е забрането кивање на јавни места.

Тексас
– Еве и еден нов закон: Секој криминалец мора да ги предупреди (усно или писмено) своите жртви 24 часа пред извршувањето на криминалното дело, и да објасни какво криминално дело планира да изврши.
– Енциклопедија Британика е забранета на територијата на цел Тексас бидејќи содржи рецепт за домшно подготвување на пиво.

Тенеси
– Во рестораните во Мемфис е нелегално да им давате на пријателите од своето парче пита. Исто така е забрането неизедената пита да се носи дома. Питата мора да се изеде во ресторанот.
– Во Мемфис е нелегално жена да вози сама: „Маж мора да оди или трча пред автомобилот и да мафта со црвено знаме за да ги предупреди пешаците и останатите возачи.“

Флорида
– Ако заврзете слон до паркинг метар, тогаш мора да платите исто како за возило.

Хаваи – Секој жител кој не поседува кајче може да биде казнет.

- Реклама -