Понекогаш е многу лесно да заглавите во стилски ќор-сокак, кога забележувате дека носите исти бои повторно и повторно.
Можеби се чувствувате најбезбедно во црно и бело или несвесно сте купиле многу парчиња во тегет боја која е популарна оваа сезона, но сите минуваме низ фаза кога постојано сме насочени кон исти бои, особено кога се работи за облекување наутро и набрзина.
Меѓутоа, денеска ви претставуваме неколку неочекувани комбинации на бои кои изгледаат сосема неверојатно заедно.
Овие жени комбинираат црвено со розово, сино со жолто, тегет и потрокалово, зелено и црвено…
Веројатно не сте мислеле за носењето на портокалова со виолетова, или бебешка сина со жолта боја, но еден поглед на овие ѕвезди од „уличниот моден стил“ ќе ве инспирира целосно да ја преиспитате вашата моментална состојба во гардероберот.