На интернет постои вебсајт наречен Sukima Nurse, кој нуди фотографии од јапонска медицинска сестра која држи разни необични предмети во болници и слични локали.
Се работи за „сток“ фотографии, ама стварно не ни текнува никој што би имал потреба или причина да користи слика од јапонска сестра што дува во школка, на пример. Додуша баш тој апсурд ги прави толку смешни. Освен ако не се работи за некаков фетиш. Во тој случај, тоа ги прави… само „јапонски“, веројатно.