Чуден проблем што засега многумина

Колку сте подготвени да трпите некој да не ве слушне додека сте во тоалетот?

Една студија открива бизарни тактики кои луѓето ги применуваат за да избегнат „бламирање“ кога мораат да го искористат толатот на работа или во домот на партнерот.

Истражувањето кое го спроведоа на Универзитетот во Индијана покажува дека луѓето во вакви случаи прибегнуваат кон најразлични тактики на „пригушување“.

Техниките се движат од фрлање на тоалет хартија во тоалетната школка за пригушување на звукот, до вклучување на фен и  пуштање на чешмата. Нормално, степенот на срам расте сразмерно со тоа колку ни е дојдено до личноста која се шета наоколу.

Сепак, изгледа дека со текот на времето се опуштаме, па можноста да не слушне личноста со која што сме во брак не нè загрижува многу.

Од оваа можност најмногу стравуваат жените и хомосексуалците, додека хетеросексуалните мажи не се возбудуваат премногу по овој повод, сметајќи го едноставно како повик од природата што нема логика да биде табу, пренесува „Дејли мејл“.

Техниките со кои што луѓето се служат кога треба да се изврши голема нужда се движат дури и до темпирање на времето ( рано наутро или доцна навечер), кога партнерот спие.

- Реклама -