Човекот што си стави цицки заради облог

zembic

Имаш мажи што секој ден се во теретана за да се отарасат од таканаречените man boobs, и го имаш Канаѓанецот кој всушност си стави силиконски импланти, од единствена причина за да добие облог. Дури сега, 20 години подоцна, 55-годишниот Брајан Зембик конечно размислува да ги извади.

На Зембик – професионален коцкар и магионичар, отсекогаш му биле слабост лудите облози. Во минатото, на пример, има живеено во бањата на еден пријател цел еден месец, за 7000 долари. Има спиено под мост со 20.000 долари врзани за зглобот, цела недела. Ама дефинитивно најлудиот е овој со имплантиве – облог што паднал во 1997-мата, додека со група пријатели седел во ресторан некаде во Европа.

„Бев со двајца пријали и девојката на едниот од нив, и во моментот кога таа се фрцкаше со градите, на пријателот му реков ‘Ако имав и јас цицки како нејзините, ќе привлекував исто толку внимание како и таа’“, раскажува Зембик. По самоуверената изјава, еден од пријателите го прашал колку пари бара за да го направи тоа. Се договориле на 100.000 долари.

Имплантите во 1997 беа скапи (и денес се), па за да ги стави, Зембик планирал да најде начин да го направи тоа бесплатно. Благодарение на коцкарската крв, го направил баш тоа – познавал пластичен хирург кој исто така бил коцкар, па го седнал на партија „табла“ и го задолжил на 5000 долари. „Можеш ли да ми ставиш цицки?“, го прашал, а докторов одговорил „Ова е заради облог, зар не?“. И така, Зембик се буди со импланти.

344d483f00000578-3595290-image-m-71_1463515229561[1]

На почеток, единствената желба му била да го добие облогот, но со тек на време почнал да развива новооткриена љубов кон своите гради. „Навистина изгледаа фино, и сега разбирам зошто жените прават одредени пози, како кога ги стискаат градите една кон друга, или ги вртат и извртуваат за да изгледаат убаво“. Со други зборови, на Зембик не му било тешко да го исполни оригиналниот облог според кој требало да ги носи една година, а кога пријателот понудил да го откупи облогот за 50.000 долари, Зембик одбил. По истекот на годината, 100.000 долари биле депозитирани на негова сметка во Швајцарија.

Ама и по завршувањето на облогот, градите останале. Зембик не бил нешто посебно расположен да ги извади. „Бев мрзелив, бев зафатен со коцкање, и искрено, ми прираснаа (за срце)“. Плус, тоа не ја повреди мојата способност да фаќам женски. Гајле им е дали имам цицки или не“. И така 20 години, ио покрај тоа што во 2014 еден пријател му понудил нов облог: да ги зголеми за еден број за 50.000 долари, или комплетно да ги отстрани за 10.000 долари. Ама Зембик до толку ги имал засакано што не го направи ниту едното, ниту другото.

Башка, Зембик цела своја кариера ја изгради околу цицките (што звучи како крајна шовинистичка изјава упатена кон било која жена со кариера), појавувајќи се во бројни документарни филмови и риалити ТВ шоуа. Правеше фото-сесија и со популарниот германско-австриски фотограф Хелмут Нелсон, а го има и во книга наречена „Човекот со гради од 100.000 долари“. Зембик вели дека се крчка и холивудски филм. Сé до 2014-та, тој сметаше дека неговите гради му помогнале да заработи половина милион долари. „Претпоставувам дека ми заработија живеачка, зар не?“

1384533309-221[1]

Во однос на врските со жените, Зембик вели дека никогаш не наишол на тешкотии. „Имав чи-чи само три недели по операцијата. Претпоставувам дека цицките ги интригираат жените“. Ваљда во тоа помага фактот што Зембик редовно ги бричи, бидејќи „девојките повеќе ги сакаат мазни“. Бонус во целата работа, имплантите му овозможиле и вистински увид во тоа како е да се биде жена. „Почнуваш да гледаш какви свињи сме ние мажите, како зборуваме за градите – како да се накит, или шапка или нешто слично“.

И фамилијата на Зембик е кул по однос на неговите „додатоци“. На брат му му се смешни, а татко му вели дека би го направил истото за тие пари. Мајка му, пак, се радува што Зембик ѝ станал „ќерката што никогаш ја немала“. Тој се сеќава само на една лоша реакција: „Со пријател отидовме на секси масажа, и кога ја тргнав крпата, дебелата мрсна курва фрли само еден поглед на моите гради и избега врескајќи“.

Патем, само една личност во животот на Зембик ја има моќта да го натера да ги извади имплантите – неговата ќерка тинејџерка – Мика, додуша тоа ѝ успеа дури годинава. Тоа што станал татко наводно многу го сменило и веќе не мисли дека парите се толку важни. „Пред некој ден еден ме предизвика дека не можам да си го отсечам пенисот, ама во меѓувреме решив да не го правам тоа. Научив дека не е сé во парите“.

Ако не ви беше доволно незгодно, бујрум:

- Реклама -