Ако има еден спорт кој има најголема потреба од брза фотографија, во смисла на модерна опрема, тоа е дефинитивно Формула 1. Токму тој факт ја прави фасцинантна работата на фотографот Џошуа Пол, кој наместо врвна опрема, го фотографира денешниот Ф1 спорт со фотоапарат стар 104 години.
Се работи за Graflex 4×5 view фотоапарат од 1913 година, кој за разлика од модерните – кои снимаат и до 20 фрејмови во секунда, прави 20 слики вкупно. Тоа значи дека секоја фотографија на Џошуа мора да биде внимателно испланирана, а тоа е и те како видливо на самите нив.
Инспирацијата да фотографира модерни Ф1 трки со стариот Graflex ја добил откако наишол на списание од 1969 година со фотографии од тогашната Indy 500 трка. Забележал дека фотографот намерно користел блур и фотографирал вон фокус, па Џошуа се обидува да го направи истото со модерната Формула 1. Почнал на шпанското Гран При во 2013-та година, а оттогаш има цел Инстаграм полн со „стари“ (ама и со модерни) Ф1 фотографии.
Ѕирнете дел од нив:
Ѕирнете му го и Инстаграм профилот, нема да зажалите.