Човекот кој живее во фудбалска топка

AustralianmanlivinginsidegiantJabulaniball1Адам Сантароса се смета себеси за вистински среќник. Тој беше избран од Адидас да го гледа Светското првенство во голема Јабулани топка, а за тоа ќе добива и надоместок од неколку илјади долари.


Адам Сантароса се смета себеси за вистински среќник. Тој беше избран од Адидас да го гледа Светското првенство во голема Јабулани топка, а за тоа ќе добива и надоместок од неколку илјади долари.

AustralianmanlivinginsidegiantJabulaniball1

23-годишниот Австралиец вели дека неговите пријатели биле љубоморни откако тој бил избран од Адидас да помине еден месец во шест метри големата Јабулани топка гледајќи фудбал, твитајќи и пишувајќи блогови. „Другите луѓе имаат работни и семејни обврски. Мојот единствен проблем е само навреме да напишам пост на блогот.“ вели тој „Ова е лесен живот. Сигурен сум дека луѓето ми се многу љубоморни.“

AustralianmanlivinginsidegiantJabulaniball2

Сантароса има на располагање добро „опремен“ фрижидер, кревет на кат, PlayStation 3 и лаптоп, а ќе добие и надоместок од 2,600 долари за неговите „маки“ заедно со се она што е во топката и три спортски торби со спортска опрема. „На почетокот ми беше малку тешко – тешко е кога луѓето постојано ти ѕиркаат низ прозорецот,“ вели тој, но додава дека му се допаѓа ваквиот лежерен начин на живот и дека би сакал да остане таму подолго време. [Aussie man lives, sleeps W.Cup in giant ball]

- Реклама -