Човечки геном складиран во кристал кој може да трае со милијарди години


Британските научници складирале целосен човечки геном на 5D мемориски кристал кои би требало да трае со милијарди години.

Тим од Истражувачкиот центар за оптолектроника (ORC) од Универзитетот во Саутемптон објави дека револуционерниот формат на складирање податоци може да биде од полза за складирање на геномите на загрозените растителни и животински водови кои се соочени со исчезнување.

Портпаролот на универзитетот објаснува дека за разлика од другите формати за складирање податоци кои со текот на времето се деградираат, 5D мемориските кристали може да складираат до 360 терабајти информации без загуби со милијарди години, дури и на високи температури.

Во 2014 година овие кристали влегоа во Гинисовата книга на рекордите како најтрајниот материјал за зачувување податоци.

„Кристалот е сличен на топен кварц, еден од хемиски и термички најиздржливите материјали на Земјата. Може да издржи екстремни смрзнувања, како и температури до 1.000 Целзиусови степени. Исто така, кристалот може да издржи директна ударна сили до 10 тони по квадратен сатиметар и непроменет е на долга изложеност на космичко зрачење“, вели за dpa портпаролот на Универзитетот во Саутемптон.

Научниот тим во Саутемптон, предводен од професорот Петер Казански, користел ултрабрзи ласери за прецизно впишување на податоците во нано-структуираните шуплини ориентирани во внатрешноста на силициумот со големина од само 20 нанометри.

За разлика од означувањето само на површината на 2D парче хартија или на магнетна лента, овој метод на кодирање користи две оптички димензии и три просторни координати за пишување по целиот материјал, оттаму 5D во називот, додава портпаролот.

Професорот Казански вели дека, иако во моментов не е возможно синтетички да се создадат луѓе, растенија и животни само користејќи ги генетските информации, долготрејноста на 5D кристалот значи дека информациите ќе бидат достапни доколку некогаш биде постигнат таков напредок.

„5D меморискиот кристал отвора можности за други научници да состават вечно складиште на геномски информации од коишто би можеле да бидат обновени сложени организми како растенија и животни, доколку тоа науката во иднина тоа го овозможи“, вели Казански.

Кристалот е складиран во архивот Меморија на човештвото, специјална временска капсула во внатрешноста на солената пештера Халштат во Австрија.

- Реклама -