Чоколадни маски за лице

Доколку мислите дека чоколадото служи само да ја задоволите вашата потреба за благо, се лажете. Ова слатко задоволство може да се користи како маска за лице затоа што ја одржува кожата здрава и сјајна.

Маските од чоколадо се релативно нов хит во светот на убавината. Тие даваат одлични резултати, го подобруваат тенот и имаат долготраен ефект.

chocolate

Чоколадото е добро за тенот, затоа што делува како антиоксиданс и го забавува стареењето на кожата. Неговите својства и даваат сјај на кожата и ја поттикнуваат да создава колаген, а покрај тоа ги отстранува флеките и акните.

Чоколадото, исто така, ја хидрира и ја омекнува кожата, па така ја забавува појавата на бори. Одговара на сите типови кожа, опушта и подмладува, што е многу корисно по еден напорен ден.

Како да подготвите маска од чоколадо?

1.Земете 10 грама чисто какао во прав, 1 лажица мед, 5 грама шеќер и две лажици бадемово масло. Сите овие состојки измешајте ги добро, додека не добиете мазна паста. Ставете ја смесата на лицето и вратот и нежно масирајте 1-2 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

chocolate-facial-mask

2. Изматете една жолчка. Додајте лажица слатка павлака, топла вода и црно чоколадо растопено на пареа. Добиената смеса нанесете ја на претходно исчистено лице, врат и деколте и лесно масирајте со кружни движења. После 15-20 минути измијте ја маската со топла вода.

3. Растопете на пареа 50 грама црно чоколадо со една лажица маслиново масло. Изладете ја смесата и нанесете ја на чисто лице со кружни движења. Вратот и деколтето исто така се погодни за оваа маска. Легнете и опуштете се 15 минути, а потоа измијте ја со топла вода. Оваа маска ја храни кожата, ја затегнува, освежува и подмладува.

- Реклама -