Членството на земјава во Европската Унија е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер.
По посетата на американските војници, кои поддржани од Армијата изведуваат вежба на Криволак, одговарајќи на новинарско прашање во врска со декемврискиот самит на ЕУ и неизвесноста околу добивање датум за преговори поради неспроведените уставни измени, Агелер уште еднаш повтори дека ставовите на САД се јасни во однос евроинтегративниот процес во земјата.
„Во секој случај нашите ставови се јасни. САД како што знаете не е членка на ЕУ, меѓутоа се надеваме дека во најбрз можен рок вие ќе станете членка во ЕУ, затоа што сметаме дека вашето членство во Унијата е клучно за спроведувањето на реформите и во исто време сметаме дека со можните направени промени ќе станете полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро“, рече Агелер.
Таа не сакаше да го коментар на ставот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, за ВМРО-ДПМНЕ, кој во интервју за „360 степени“ рече дека нема да има подобра понуда, уставните измени ги спореди со купување половен автомобил, а рече и дека не тој не би гласал за партија која тврди дека има алтернатива но не ја кажува.