Чист орман за само 15 минути

Те фаќа мрза од самата помисла дека треба да го исчистиш орманот? Одвои само 15 минути и сметај го овој проблем за решен.

За почеток, извади ги сите алишта од орманот и прашај се за секое парче три работи: дали ова го носев лани, дали ми се допаѓа и дали ме собира? Ако на сите три прашања одговорот е „да“ не го враќај во орманот. Истото направи го и со чевлите и накитот. Ако некои алишта не ги носиш сега, многу е веројатно дека нема да ги облечеш никогаш.

messy-closet

Откако ќе ги исфрлиш сите непотребни работи остануваат оние кои си ги задржала. Организирај ги по прнципот фустан со фустан, маица со маица и така натаму. Потоа можеш да ги споиш по боја, што дополнително ќе ти ја олесни утринската потрага за одредено парче.

Исто така, размисли за набавка на кутии во кои можеш да ги ставиш на пример чантите наместо да се расфрлани по сите соби.

know-your-wardrobe

Порталот She Knows советува по средувањето да запамтиме колку слободен простор ни останал и според тоа да се водиме кога сме на шопинг, односно ако имаме малку простор да не купуваме без потреба.

- Реклама -