Колку всушност чипови има во ќесата? Дали е полна со воздух? Колку плаќам по парче чипс? Ова се прашањата што не си ги поставуваат вљубениците во чипсот, додека уживаат во своите омилени вкусови. Ден Џентајл не е еден од нив. Покрај чипсот, Ден ја сака и науката. Па така, тој спровел свое истражување на темата, кое подоцна го објави на порталот Thrillist.
Меѓу тестираните брендови има многу звучни имиња, меѓу кои, се разбира, се и Cheetos, Doritos, Lay’s и Ruffles.
Неговиот метод можеби не би бил прифатлив за „Бирото за чипсова статистика“, но бидејќи такво не постои, Ден е најрелевантниот извор што за сега го имаме. Процесот се состои од броење на парчињата чипс во ќесата, на репрезентативен примерок од две ќеси. Тоа можеби и не звучи како доволно, но дури ни Ден не е будала за да брои повеќе и од 600 парчиња, едно по едно, по бренд. Деловите од скршените парчиња ги составува приближно до формата и големината на просечното парче, а дури потоа ги вклучува во броењето.
Според Ден, чипсот е како книга – не треба да го судиш по корицата. А еве ја неговата пресуда по темелно спроведениот експеримент:
![chips_number](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/chips_number.jpg)
![broken_chips](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/broken_chips.jpg)
![Број на чипови што ги добивате за еден долар.](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/chips_per_dollar.jpg)
Судејќи исклучиво според бројот на парчиња, по долар, Cheetos е убедлив победник. Сепак, при одредувањето на најдобриот, се разбира, треба да се земе во предвид и волуменот на ќесата, формата и густината на чипсот и нутриционите вредности. Во тоа ќе ви помогне неговата супер-листа.
![Најдоброто од најдобрите.](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/super-list.jpg)