Четворица иселеници од Охрид и Струга поминаа 2000 км на велосипед

По цели 10 дена пат и поминати речиси 2000 километри, четворица иселеници од Охрид и Струга, со велосипед од Швајцарија пристигнаа во родниот крај. Невозможното за многумина го направија возможно. Во Охрид беа пречекани од нивни роднини и сограѓани. Велат дека на долгото патување се соочиле со мали незгоди, но дека желбата да го реализираат овој сон била посилна од се.
„Целта ни беше да дојдеме од Швајцарија во Охрид.Но главната причина за ова беше мојот другар.Не сакавме да го оставиме сам, бидејки сакаше и сам да тргни и тоа најмногу ме возвуди. Не сакавме да го оставиме сам на ова патување.Заедно донесовме одлука да заминеме.Се подготвуваме 6 месеци. Тоа беше сон што неможам да го опишам со зборови, тоа само се доживува“, рече Башким Хоџа-иселеник.
„Поминавме 1860 километри од Швајцарија до овде.Патот на некои места беше навистина тежок.Имаше неасфалтирани патишта со песок и камења. Возевме по шуми, планински предели. А, возењето и по автопат беше многу опасно. Но, ова беше одлично искуство за нас и авантура која не се опишува со зборови“, вели Ајри Каценија- иселеник.
Со еден ранец на нив, во кој сместиле се што им е потребно за едно вакво патување, поминале низ повеќе држави, виделе убави места.
„Од 1860 километри најтежок дел од патувањето беа австриските Алпи, потоа низ Италија и словенечките Алпи. Полесно за патување беше низ Хрватска, Албанија и низ Македонија.Среќен и задоволен сум што стигнав до мојот роден град и им посакувам на сите млади сериозно да го сфатат овој спорт и за секое нешто да имааат самодоверба во себе“, рече Илир Мустафаи- иселеник.
Но, нивното патување има и хуманитарен карактер. 1800 франци кои ги собрале во Швајцарија, ќе ги донираат на социјално загрозени семејства.
Мики Трајковски

Извор