Четирите најскапи хамбургери во светот

хамбургериСите сакаме хамбургери, и може да се рече дека има хамбургер за сечиј вкус. Но за некои луѓе обичните хамбургери не се доволни. Па, ако сте пребирлива личност за која не постои превисока цена кога се работи за храна, еве ги најскапите хамбургери во светот.

Сите сакаме хамбургери, и може да се рече дека има хамбургер за сечиј вкус. Но за некои луѓе обичните хамбургери не се доволни. Па, ако сте пребирлива личност за која не постои превисока цена кога се работи за храна, еве ги најскапите хамбургери во светот.

хамбургерFleurBurger 5000

FleurBurger 5000 се прави од Кобе телешко, потоа се гарнира со паштета од гускин црн дроб и црни тартуфи. Овој хамбургер можете да го купита во Fleur de Lys, традиционален француски ресторан кој се наоѓа во хотел-казиното Mandalay Bay во Лас Вегас. Цената на овој хамбургер е 75 долари.

хамбургер

Хамбургер со три типа на телешко месо

Овој хамбургер започнал да се произведува во 2006 година во  Old Homestead Steakhouse во Бока Ратон во Флорида. Плескавицата се прави со мешавина на три типа на говедско месо – американското Prime, јапонското Wagyu и говедско месо од Аргентина. Се послужува со карактеристичниот Чиполте кечап кој се прави со тартуфи и шампањ. Цената на овој хамбургер е 125 долари.

хамбургер
Хамбургер Ричард Нуво

Овој хамбургер можете да го купите само во Wall Street Burger Shoppe. Хамбургеров е полн со црни тартуфи, зготвена паштета од гускин црн дроб, созреано Gruyere сирење, диви печурки. За украс на хамбургерот се додаваат трошки од злато. Цената на овој хамбургер е 175 долари.

хамбургер
Хамбургерот од Burger King

Овој хамбургер може да се купи само во еден Burger King ресторан кој се наоѓа во Западен Лондон. Се прави со јапонско Wagyu говедско месо, бели тартуфи, пржен кромид подготвен со шампањ Кристал, како и најквалитетната шунка од Шпанија Pata Negra. Овој хамбургер е конкуренција на оној од Вол Стрит. Цената на овој хамбургер е 186 долари. [Top 4 most expensive hamburgers in the world]

- Реклама -