Четири тегли Нутела кои и го промениле животот

Германката Мелани речиси што не се онесвестила пред фрижидерот кога во него здогледала само четири тегли Нутела. Но, не поради помислата дека слатко ќе се најаде, туку поради пораката која била испишана на нив.

На првата пишувало „Willst“, на другата „Du“, на третата „Mich“ и на четвртата „Heiraten“ – или во превод „Ќе се омажиш ли за мене?“. Под стаклениот рафт се наоѓал веренички прстен.

Секако, нејзиниот одговор бил потврден, а четирите тегли Нутела одлучила да ги сочува засекогаш како спомен, и покрај нејзината љубов кон овој сладок десерт.

nutella-2

- Реклама -