Четири работи кои вашата драга ги зборува само со други мажи

Многу веројатно е дека на вашата девојка не сте единствениот маж во нејзиниот живот.
Иако овие односи се чисто платонски, можеби сепак имате причина за да се грижите. Зошто? На својот татко, брат или други мажи им зборува работи кои вам не ви ги признала. Можеби нејзините тајни би го повредиле вашето его, можеби е срамежлива или можеби се уште не сте стигнале до тоа ниво на доверба.

Тука ви прикажуваме што споделува со другите мажи во својот живот и дали имате причина за загриженост.

Таткото: Има сомнежи околу вашата работа

Без оглед на тоа колку вие би сакале да бидете нејзиниот витез во сјаен оклоп, нејзиниот татко секогаш прв ќе ја исполнува оваа улога. А тој сака да знае дека неговата девојка е добро згрижена, вели психологот Пол Хокемејер. Ова значи дека ќе ја испрашува за вашата кариера, а таа ќе му каже се- од тоа дека платата не ви е многу висока, до тоа што не е сигурна што точно работите.

Избегнете испрашување. Ако навистина има голем проблем со тоа што го работите, вие не би биле заедно. Освен ако не ви поставува мамки за тоа како и недостасуваат пари или „одличната„ работа на другите луѓе, не треба да и ја спомнувате оваа тема, препорачува Хокемејер.

Братот: Ја привлекуваат други мажи

Нејзиниот брат секогаш е на нејзина страна, па вашата девојка знае дека може да му зборува за актерот по кој „пати“, згодниот дечко кој го видела во клубот или поранешниот дечко кој и испратил порака минатата ноќ.

Љубоморни сте? Многу добро знаете дека и вие гледате по други девојки. И исто како вас, нејзините љубопитни очи само гледаат и не и значи ништо повеќе од тоа. Освен ако сериозно не се сомневате во нешто, испитувањето на безопасната атракција за други мажи веројатно само би предизвикало расправија, предупредува Тами Нелсон, автор на книгата „The New Monogamy“.

Дечкото на најдобрата пријателка: Лута е на вас

Во споредба, дечкото на нејзината најдобра пријателка е изложен на голем број на неискажани замерки на ваша сметка. Па ако, и кога ќе види дека дечкото на нејзината пријателка прави нешто што сака вие да направите, тоа ќе го искористи како прилика за да ги изрази своите фрустрации. На жените секогаш им е полесно да ја искажат својата лутина на некој друг, вели секс терапевтот Бренди Енглер, автор на книгата „The Men On My Couch“. Впрочем, тој сигурни нема да и се спротивстави, особено ако бил пофален како модел на добро однесување.

Прашајте ја. Прво ќе рече дека сè е во ред, но ако нешто навистина се покажува како проблем, прашајте ја пак и кажете и дека сакате да знаете како се чувствува. Она што е најважно, кога ќе почне отворено да зборува, немојте да ја замолчувате или да се браните. Само слушајте. Нека биде лута. Нека биде неразумна. Ако сфати дека на вас може сè да ви каже и дека ќе ја ислушате, ќе има помалку потреба тоа да го зборува на други.

Колегите од работа: Многу размислува за иднината

Осум часа дневно е со тие луѓе. Постојано се сретнуваат, ручаат заедно… Во еден момент, депресивните разговори за работа се претвораат во сонување за нови можности, аспирации и за она како би изгледала идеалната иднина- и како вие се вклопувате во неа.

Прашајте ја како го поминала денот. Иако е во ред што не сте заедно по цел ден, треба да покажете повеќе интерес од само вообичаеното: „Како беше денес на работа?“. Прашајте ја за најдобрите и најлошите моменти од денот, ако имала некој голем список… Така ќе знае дека тој дел од животот може да го дели со вас и дека ќе имате трпение за нејзините несигурности, стресови и надежи. Во спротивно, ќе мисли дека само колегата од работа може да ја разбере.

- Реклама -