Вртоглавицата е синдром, кој се манифестира дури кај млади и здрави луѓе. Без оглед на возраста постојат неколку најчести причини за појавата на вртоглавица:
1. Низок крвен притисок
Тој е меѓу најчестите причини за вртоглавица. Драстичното намалување на притисокот води до затемнување пред очите. Иако кај различни луѓе поимот низок крвен притисок се поврзува со различни нешта, општо е правилото дека при вртоглавица човекот треба да легне во хоризонтална положба и да пие многу течности.
2. Вртоглавица за време на патување:
Несвестицата за време на патување, што некои ја нарекуваат автомобилска болест, е карактеристична најмногу за раната возраст, но кај многумина се задржува и со напредувањето на годините. Најдобро е да се прават паузи, за време на кои што ќе се облее лицето со ладна вода. При ваква состојба е препорачливо возењето на предното седиште.
3. Силно рестриктивни диети
Диетите се една од најпознатите продорни причини за вртоглавица. Ограниченото внесување на калории и хранливи материи го намалува нивото на шеќерот во крвта, што доведува до несвестица, вртоглавица, тресење. За да се ослободите од несаканите ефекти, најдобро е да испиете засладен пијалок – пример чај со мед.
4. Заморот исто така може да доведе до вртоглавица.
Карактеристично кај ова е дека вртоглавица се појавува следниот ден – по бучниот ден, напнатата работа или проблемите.