Следните четири модели на јакни ќе доминираат на самиот старт на новата сезона. Одберете некоја која најмногу ви прилега.
Безразлика дали вашата гардероба е полна со крпчиња од тексас, кожа или мантили, моделите како шарени јакни и сакоа со дупло копчање се „must have“ за новата сезона.
1. Сако со дупло копчање
Ова сако ќе ги претвори едноставната маица, салонки и црна чанта во посебна комбинација која дише елеганција и софистицираност.
2. Ако се уште не сте, за оваа топла сезона набавете добро и атрактивно кимоно. Тоа се носи во речиси сите прилики, и функционира совршено со сите модни стилови. Особено го сакаме во комбинација со шарени фустани и округли очила.
3. Новитет во 2015 се јакните од кожа, кои доаѓаат во силни бои. Одлучете за сина, црвена, портокалова или виолетова.
4. За крај, тука се и понатаму присутните јакни од шарени дезени, кои ги прослави Изабел Марант. Идеални се за сите оние девојки и жени кои сакаат едноставни дневни комбинации, но бараат едно парче за разбивање на монотонијата.