Четири идеи за уникатен подарок

Не е едноставно да се избере подарок за најблиските, затоа што најчесто бараме нешто посебно, но речиси секогаш изборот се претвора во бескрајна обиколка низ продавниците.

Бидете различни и подарете нешто незаборавно:

Вистинска ѕвезда – Непобедлив гест, кој дефинитивно е подарок од друга димензија. Така човекот на кој што ќе му го приредите ова изненадување ќе има ѕвезда на небото, која ќе го носи неговото сопствено име. За таа цел се издава специален сертификат кој можете да го видите на интернет. Секој поглед кон небото е во потрага по сопствената ѕвезда, затоа направете омилениот човек да си спомнува на вас.

Повеќе на темата

Колаж од фотографии – незаборавните моменти со најблиските се многу и се непроценливи, па затоа некои од нив стојат запечатени во нашите албуми, за да се сеќаваме со насмевка. Но да ги подараме некому овие моменти е многу мил и сентиментален гест. За да изгледа подарокот навистина убаво, сликите можат да се наредат на некоја рамна површина. Потоа можете да ги ставите во рамка и да ги претворите во слика која ќе краси нечиј ѕид.

Цвет од омилено место – Се сеќавате ли каде сте се шетале со родителите како мали, каде се запознавте со саканата личност или каде сте се бакнале за прв пат со партнерот? Таквите места се скапоцени и за двете страни. Ако на пример со својот најблизок пријател / пријателка некогаш сте имале незаборавни моменти на брегот на морето, камче од местото би бил идеалниот подарок.

Неостварената желба– Често пати секој сонува за нешто, но не може да го пронајде токму она што го бара или не може да си го дозволи. Ако ги слушаме блиските, често тие самите можат да ни дадат многу идеи за подароци кои ги сакаат. Слушајте внимателно што ви велат и водете си “белешки”, бидејќи посакуваните подароци се најубави.

- Реклама -