Четири епизоди од Friends за $22.000

vodafonПрво приказната за човекот кој платил 2.000 долари затоа што неговиот iPhone си симнувал од интернет без да праша а сега ова. Имено сопругата на некој човек од Англија го користела телефонот на својот сопруг за да симнува епизоди од „Пријатели“ користејќи ја интернет услугата на Vodafonе. Како и да е сопругот требало да оди на бизнис патување во Германија, преземањата се прекинале за време на летот но кога авионот се спуштил во Германија тие продолжиле.


prijateliПрво приказната за човекот кој платил 2000 долари затоа што неговиот
iPhone си симнувал од интернет без да праша а сега ова. Имено сопругата
на некој човек од Англија го користела телефонот на својот сопруг за да
симнува епизоди од „Пријатели“ користејќи ја интернет услугата на Водафон. Како и да е сопругот требало да оди на бизнис патување во
Германија, преземањата се прекинале за време на летот но кога авионот
се спуштил во Германија тие продолжиле. 

Од насловот на статијата можете да заклучите што се случува потоа. Кога сопругот се вратил во Англија добил повик од Водафон дека должи 11.000 фунти, односно некаде околу 22.000 долари, како такса за користење на интернет услуги во Германија. Дали и колку човекот и се налутил на сопругата не можеме да знаеме, но сигурно бил многу изреволтиран на Водафон.

Ова не е прв пат компании за телекомуникациски услуги да вршат вакви манипулации за да украдат некоја пара повеќе од своите корисници. Не е ни чудо што (конечно) комесарот на Европската Унија им стави краен рок до први Јули на ваквите компании некако да ги оправдат овие „молзења“ на корисниците. Останува да видиме со каков изговор ќе излезат претставниците на овие компании. [Man fined £11,000 for downloading Friends]

- Реклама -