Ова одамна не е приказна за изгубената невиност и за првиот интимен однос. Невиноста сега се губи многу порано. Без ниту тронка фраерлук и напор.Без ниту еден подарен цвет, без ниту една поделена солза и цврста рака на сојузништво. Подарената невиност денес има шмек на чоколада без мирис и вкус. Неколку прерипани фази на мангупско едуцирање додека се дојде до интимата на убавицата. Сега е време на виртуелни договори, на анти-беби пилули и на одбојност кон кондомите.Кондомите се одвратни и ковањето со кондом е исто ко да бакнуваш некој преку стакло. Али уште поодвратно од тоа е дадичка да донесе дома венерична болест или бебушка пред матура. Секс едукација има на секаде, само не таму каде што треба. Додека обвразовните центри имаат табу со децава да отворат муабет на тема секс, они се удицираат на порно сајтови и можат да матуририраат на таа тема пред да ја земат дипломата за завршено средно.Ма ајде да се ебеме! Тука сме the best!!!
Сега е време за тулумба фризури и за гипс-пудрените наслаги над фаците кои сеуште делуваат као копиљачки. Фазата на растење кај средношколките станува неприметна во нивните 18-19 години, се до матурската вечер, кога целосно ќе си го сменат личниот опис со нова шминка, фризури и неприродна гардероба. Оние кои прв пат облакаат штикли, повторно учат да одат. Оние кои прв пат ќе облечат елегантен фустан и ќе фрлат на себе еден тон шминка нема да можат да бидат препознаени и од своите најблиски другарки.Еј срцка, па тоа си тиииии….Да мила ја сум. Мило ми е што се запознавме. Барабите и другарите од нејзиниот клас нема да се притресат многу околу настанот. Машката средина си останува поприлично искулирана за свеченоста, кој повеќе прилега на маскенбал и театар отколку официјално завршуење на 4 годишното заедничко дружење и учење. А така би требало да биде, јебем гаааа…
А шо кур да кажеме за праењето на 25-30 години од матура. Тоа е трауматична средба која го констатира стравичниот удар на животот. Здебелени, подргбавени, проќелави и ќелави,со убиена смисла на хумор и секој со своите товари на грбот. Ич ги нејќу годишнините на матурата.Тоа не е ништо повеќе освен една носталгија кон минатото и младоста. Ако не беше така, секој ден ќе се дружевме и ќе знаевме какви проблеми не јаваат у животот. Славењето децении од матурирањето е добар момент да се констатира црниот хумор кој ни го подарува животот у фазата на стареење. И да. Оние кои слават 30 години матура, се сексуално помалку едуцирани од оние кои ја слават прв пат. Генерациски судир. Судир на голата и вунтрастата пичка!!! Имам еден луд стрик и за него ретро фазонот меѓу препони и натаму е in. Ја тоа не го контам. Затоа е он вунаџија а јас предвесник на новата памперс и гумена бонбона генерација…Се у свое време. Минута молк за сите депилирани вагини!
Во матурската моќ се влегува на црвен тепих, со блех оркестри и татиња и мамиња у солзи. Од истата се излага со неколку промили у крвта, размачкана шминка и црна дупка у меморијата. Повеќе ми делува на отарасување на едни од други отколку прослава на заеднички поминати години. Кога летото ќе ги избрише спомените на матурската вечер и ќе отвори некои нови, сите актери од истата се губат у непознат правец. За наредните 5-10…15 години. Кога поприлично дебели, успорени ќе се сретнат пак на астал да се потсетат на младоста. Матурската вечер е крај а не нов почеток. Крај на еден тон заебанции и фрази кои после 10-15 години нема да ја имаат својата смисла…
НАПИША: БУЛЕВАРКО(за мојата матура, партнерка ми беше учетиљица по македонски јазик)