Честитка и од Мицкоски: Во 2020-та Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ја честита новата година. Порача дека 2020-та ќе биде година на победа на идеалот на обновата, година на промени на подобро, година на економски бум. „Непpaвдите ќе бидат поpaзени, а Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот. Принципите ќе важат за сите“, уверува Мицкоски:

„Пред Новата година се потсетуваме на минатото. Моја голема желба отсекогаш беше да можам да направам нешто за мојата земја, за мојот народ да е весел и радосен. Затоа што среќата на луѓето е најважна.

Она што денес го гледаме е далеку од моите, и од вашите желби. Се повеќе тaгa на лицата, се помалку насмевки. Среќата ја совладуваат непpaвди, сеприсутната кopyпција ја разградува радоста, има цpнилa на секој чекор, измaмитe владеат. Животот стана pyина.

Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата

Верувам дека вие и вашите деца треба да се среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ.

Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, непpaвдите ќе бидат поразени, а Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот. Принципите ќе важат за сите.

Следува победа на идеалот за обновата!

Со добри мисли и уште подобри намери, како еден од вас, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, како човек, како ваш пријател, сосед, колега, познаник, сонародник, сограѓанин, ве повикувам да уживате во новата година и успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме.

А пред се ви посакувам топол дом, многу убави мисли и прегратки, уште повеќе здравје, бериќет и љубов за секој еден од вас.

Нека е среќна, весела и радосна новата 2020 година“, порача Мицкоски.

- Реклама -