Жозе Мурињо уште еднаш ја покажа својата класа, го надмудри Пелегрини, Челзи одигра одличен натпревар и го победи Манчестер Сити на неговиот стадион.
Оваа сезона Манчестер Сити имаше 11 победи од 11 натпревар на свој терен, а од ноември 2010 немаа одиграно дуел без да постигнат погодок на својот стадион, сето ова беше прекинато синоќа.
Челзи го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и го победи Манчестер Сити со 1-0, Мурињо два пати го победува Пелегрини оваа сезона.
Клучниот момент се случи во 32. минута кога Бранислав Ивановиќ со удар од далечина го совлада Харт.
Победата можеше да биде и поубедлива бидејќи Челзи дури три пати ја погодуваше конструкцијата од голот на Сити, Ето, Кејхил и Матиќ ја погодија стативата.
И Манчестер Сити имаше свои шанси, особено во вториот дел, но Чех царуваше на голот на Челзи.
Со овие три бода Челзи се израмни со Сити на табелата со по 53 бода, Арсенал е прв со два бода повеќе.\
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk