Челси го победи Манчестер Јунајтед, му пресуди ли на Керик?

По мирното прво полувреме, домаќините поведоа во 50. минута. Ромео Лавиа ја одзеде топката, а Морган Роџерс ја искористи можноста за контранапад и со ефектен удар донесе предност за Челзи.

4
Челси го победи Манчестер Јунајтед, му пресуди ли на Керик?
Фото: МКД.мк

Позицијата на Јунајтед дополнително се влоши во 64. минута, кога Лисандро Мартинез го турна Фофана во шеснаесетникот. Судијата досуди пенал, а Аргентинецот доби втор жолт картон и беше исклучен. Кол Палмер беше сигурен од белата точка за конечни 2-0.

Челзи во продолжението постигна уште еден гол преку Естевао, но тој беше поништен. Со новите три бода, лондонскиот тим се искачи на четвртото место со 16 бода, додека Манчестер Јунајтед остана на 16. позиција со само седум бода. Притисокот врз менаџерот Мајкл Керик дополнително се зголемува и тој е пред отказ.