Француската пунџа се претвора во една од најпопуларните дамски фризури во 40-те години на минатиот век. Таа е симбол на француската софистицираност и класа и до денес. Решивме да ви презентираме една модерна верзија на оваа вечна фризура, бидејќи таа не е само многу убава, туку и страшно практична.
Дами, сите ние имаме денови во кои нашата коса едноставно не изгледа добро! Во такви случаи француската пунџа е одлично решение на проблемот.
Погледнете како да си ја направите лесно и брзо чекор по чекор.
Потребни производи и алатки: Спреј / крема за кадрици, лак за коса, чешел и големи метални шноли.