Часовник за лица со оштетен вид

ООЅНВо денешно време лицата со хендикеп не мора да го поминуваат времето затворени дома. Секој ден можат да се видат луѓе кои страдаат од некој хендикеп, како на пример оштетен вид, кои се движат и функционираат како и оние кои ги имаат сите сетила на располагање.

Во денешно време лицата со хендикеп не мора да го поминуваат времето затворени дома. Секој ден можат да се видат луѓе кои страдаат од некој хендикеп, како на пример оштетен вид, кои се движат и функционираат како и оние кои ги имаат сите сетила на располагање.

ООЅН

Но како луѓето со оштетен вид го знаат точното време? За ова тие најчесто зависат од пријатели, роднини или пријателски настроените минувачи. Но, не повеќе. Часовникот “OOSH”, кој е дизајнирано од Винк Ли, е наменет за луѓето со оштетен вид. Лицето на овој часовник го покажува точното време со помош на Брајова азбука, што ќе им овозможи на оние со оштетен вид да знаат колку е часот само со еден допир.

ООЅНДизајнерот размислувал и за луѓето со оштетен вид кои не ја познаваат Брајовата азбука. За нив часовникот е опремен со сензори за движење кои се активираат кога лицето ќе ја подигне раката во положба за да го види часовникот. Сензорите активираат систем кој на глас го кажува точното време.

Ова може да биде корисно дури и за оние кои знаат да читаат Брајова азбука. Корисникот исто така може и да го исклучи гласот со помош на копче кое се наоѓа на едната страна на часовникот. Часовникот има ременче со дебелина од 3,5 милиметри, што значи дека е лесен и удобен за носење. [It’s Braille time! literally]

- Реклама -