Научниците од лондонскиот Кралски колеџ измислија лекување на забите, преку кое тие се обновуваат и се лекуваат сами.
Само ужасниот звук на стоматолошкото апаратче е доволен за да го одложиме годишниот преглед кај стоматолог. Но, досегашните посети се на пат да останат лош спомен.
Новата технологија за лекување ги брише кариесот, пломбите и болката на стоматолошкиот стол, бидејќи му помага на забот да се доведе во ред самиот. Методот може да започне да се применува до три години , сметаат експертите.
Третманот се одвива во две фази. Првиот ja подготвува оштетена површина, а потоа со помош на светлина и електрична струја се нанесуваат минерали кон местото кое треба да биде третирано.
Новата терапија е наречена „Електрично забрзано и засилено реминализиране” (EAER), а истата го забрзува природното движење на калциум и фосфатни минерали во оштетениот заб.