Хипнотизирачка кампања на Chanel (видео)

Гламурозна, иновативна и целосно неочекувана кампања лансираше креативниот директор на брендот Chanel Питер Филипс, за најновата колекција кармини насловена Chanel Rouge Allure.

Филипс досега има снимено неколку интересни кадри со кои ја претставува шминката со потписот на познатиот француски бренд на автентичен начин. Во неговиот најнов видео-запис насловен Mirror, Mirror (Огледало, огледало), тој се концентрира на најновата колекција кармини Chanel Rouge Allure што ќе се појави во парфимериите кон крајот на септември. Колекцијата нуди дури 16 нови бои во разиграни тонови, во портокалова, црвена и нијанса на фуксија.

Инспирација за новото видео креативниот директор црпел од капутите украсени со декоративни огледалца од претходната колекција на дизајнерот Карл Лагерфелд, насловена Métiers d’Art Paris-Bombay. За потребите на видеото, Филипс лепел ситни парчиња скршени огледалца на убавото лице на манекенката Ингуна Бутан, а процесот траел подолго од три часа.

Тој објаснил дека е голем поборник за визуелната комуникација, затоа што искрата, сепак, е повеќе од само еден обичен замрзнат момент. Тоа е ланец на слики што се движат, нешто како огномет. И, како што вели тој, тоа може да се види само на филмовите и во реалниот живот.

{youtube}InLk5AZEnVU{/youtube}

- Реклама -