Дизајнерот Џо Рот реши да промени една вековна традиција со тоа што направи од вертикалниот чајник , хоризонтален.
Така од вообичаената форма за правење на чај – цилиндар, се доби еден чуден легнат чајник во кој ливчињата и боите пливаат слободно.
Се разбира, има секакви форми, но токму ваква досега не сме виделе.
Спектакуларно е и сигурно ќе го направи пиењето чај уште попријатно искуство.