Чајџилница на дрво

Архитектот Хироши Накамура отсекогаш бил интригиран од тоа како некои чавки користат најдени пластични закачалки (од оние за облека) како структурален елемент за нивните гнезда.

https://youtu.be/P1W25sHtUWw

Со таа идеја на ум, му се отворила неповторлива прилика кога го контактирал градителот на куќи на дрва Такаши Кобајаши, со предлог да изградат необична чајџилница – на 10 метри над земјата, во крошната на 300 години стар дарчин, пораснат на падината на една планина во префектурата Шизуока во Јапонија, со поглед на океанот.

Користејќи ги закачалките како стартна основа, Накамура ја дизајнирал Bird’s Nest Atami Tearoom користејќи минимално инвазивни техники на конструкција, кои во целост го штитат интегритетот на дрвото. Резултатот е една гнездена структура која функционира во хармонија со гранките на дрвото, наместо да биде директно закована за нив. Ваквиот дизајн овозможува и самите гости да помогнат во градење на „гнездото“ – користејќи гранки од шумата кои потоа ги вметнуваат во ѕидовите.

birdsnest-1 birdsnest-2 birdsnest-3 birdsnest-5 birdsnest-6 birdsnest-7 birdsnest-8 birdsnest-9 birdsnest-10 birdsnest-11

- Реклама -