Од вкупно 606-те активни случаи на Ковид-19 во земјава, речиси половина се во Скопје – дури 298, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје заклучно до вчера. По Скопје, следуваат Тетово – со 83 активни случаи, потоа Штип – 68, Куманово – 55 и Велес – 27.
Во Скопје, Чаир продолжува да биде населбата со најмногу активно заразени, и тоа убедливо на првото место, со дури 73 случаи. Зад Чаир е општината Сарај со 29 помалку – односно со 44 активни случаи. Во Бутел има 37, а 33 има во Аеродром и 31 во Гази Баба.
Следуваат Студеничани и Карпош со 13 активни случаи, Кисела Вода со 11, Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров – со по 9, Центар – со 8, Петровец со 4 и во Арачиново и Сопиште со по 2 активни случаи.