Четири високо-технолошки имунизации (вакцини) без игли

Доколку првите вакцини беа измислени денеска ќе беа безболни. Кoмбинацијата од шприц и игли е постојано предизвикувачка – ампулите мора да се чуваат на студени и темни места, иглите мора да бидат доволно остри, безбедно складирани и една игла веќе никогаш не смее да биде повторно употребувана. Дури половина од ампулите се фрлаат со цел да се избегне било каква контаминација. Бидејќи е проценето дека дури 1.5 милиони деца кои се помали од 5 години умираат секоја година од болести кои ги носат постоечките вакцини, истражувачите експериментираат со далеку повеќе флексибилни методи со цел да се внесат потребните лекарства во телото.

Во продолжение ви ги претставуваме најновите 4 чуда на високата технологија, 4-тте вида на имунизација која го постигнува истиот ефект како и вакцината само без употреба на иглите.

1.
МЕТОД: Jet injector (млазен вбризгувач)
КОМПАНИЈА : PharmaJet
ПРОДУКТ: Stratis
СТАТУС: Многу наскоро ќе можете да ја примите својата наредна вакцина во локалните аптеки.

Шприцот за една употреба користи млаз течност кој се вбризгува директно во мускулите со голема брзина. Сега стравот од игли е завршена приказна.

2.
МЕТОД: Microneedles (микро- игли)

КОМПАНИЈА: Vaxxas
ПРОДУКТ: Nanopatch
СТАТУС: Постигнат е огромен успех и резултат на достигнување на нормален имунолошки одговор со користење на само 1 од 100 типични вакцинациски дози.

Традиционалните вакцини мора да се чуваат на студено место и тие не секогаш одговараат на потребите на имунолошкиот систем. Но на оваа нова високо-технолошка имунизација наречена Nanopatch не и е потребно никакво складирање на студено место и нејзините микроскопски проекции ги носат медикаментите директно во имунолошките ќелии на кожата.

3.
МЕТОД Oral (Орално)
КОМПАНИЈА: Aridis Pharmaceuticals
ПРОДУКТ : Quick-dissolving film (Брзо- растворувачки филм)
СТАТУС: Во моментов оваа високо-технолошка имунизација се наоѓа во пред-клинички пробни периоди и во моментов се бара партнер за клинички тестирања.

Овој филм (знаете на некои таблети пишува дека се филм обложени таблети) е наменет за ротавирусите и се разложува, односно се растопува на јазикот, што е соврешено за бебињата. Во однос на просторот кoј е потребен за традиционалниот шприц и традионалната доза на вакцини, во истиот простор собира повеќе од 200 вакви филм ленти.

4.
МЕТОД Inhalation (Инхалација)
КОМПАНИЈА: Aktiv-Dry
ПРОДУКТ: PuffHaler
СТАТУС: Оние кои ја вдишале оваа сува пудра утврдиле дека имаат загарантирана заштита од морбили (мали сипаници), а неодамнешното испитување во Индија со 60 луѓе-волонтери го докажа овој факт.

Спакувана во амбалажа како што се спакувани фластерите, оваа сува пудра доаѓа до истата цел како и традиционалната вакцина, директно во респираторниот систем, исто како што навлегува и вирусот. Може да опстане до 6 месеци без да се складира на студено место.

Текстот е во сорботка со socialnet.mk

 

- Реклама -