Четири бои со кои ќе си го зголемите сексапилот

Црвената, тиркизната, корално-розовата и бојата на модар патлиџан добро им прилегаат на сите жени. Овие четири бои треба да ги носите секогаш кога ќе посакате да го истакнете вашиот сексапил.


Црвена

Дизајнерот Бил Блас рекол „секогаш кога сте во дилема, одбетрете црвено“. Не само што оваа боја поседува способност да го запре сообраќајот, туку и на секоја жена редовно ѝ ги носи посакуваните погледи.

Тиркизна

Тиркизната бојата и дава здрав изглед на кожата и изгледа многу свежо и необично кога се комбинира со розеви парчиња. Oдлично се комбинира со црна, сива, крем и други неутрални бои. Исто така, тиркизната боја е навистина ин кога се во прашање лаковите за нокти за претстојната летна сезона.

Корално-розова

Се однесува на нијансата меѓу светлорозева и праска-боја, која е многу попрефинета од бојата на детските гуми за џвакање. Корално-розовата боја е понеутрална отколку пастелна и затоа ја нагласува природната свежина на лицето. Шминкерите и стилистите ја фаворизираат оваа боја кога се кармините во прашање за претстојната сезона пролет-лето 2012 година.

Боја на модар патлиџан

Ова е совршената виолетова боја затоа што е целосно приспособлива, исто како и црната, бојата на карамела и морнарско-сината.

- Реклама -