Центарот одбележа роденден на Горан Стефановски со големо почитување и спомени.

Со свечен настан, беше одбележан роденденот на истакнатиот македонски драмски автор Горан Стефановски, кој на краток начин го врати својот дух во Дебар Маало.

Настанот се одржа покрај спомен-клупата посветена на него, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој со пријатели и блиски сподели незаборавни спомени, анегдоти и моменти од животот на познатиот дебармаалец.

На настанот се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој изрази почит кон делото на Стефановски.

Во рамките на програмата, хорот „Мирче Ацев“ изведе неколку негови омилени песни, а настап имаше и џез формацијата „Трицикл“. Публиката уживаше и во актерски монолози од неговите најпознати дела.

Покрај тоа, присутните имаа можност да ги разгледаат портретите на Горан Стефановски, дело на Ненад Рафајловски, додека музичкиот сет на DJ Шурбе ја заокружи оваа незаборавна вечер.

Прочитајте и:  Испитување на генерацијата Z и вештачката интелигенција: Младите во Србија секојдневно ја користат ВИ, но не ѝ се доверуваат безрезервно