Челзи започнаа со триумф во САД (видео)

Европскиот првак Челзи лесно славеше со 4;2 на својот прв контролен натпревар летово, на гостински терен против тимот на Сиетл.

Фановите на лондонскиот клуб имаат причина за задоволство бидејќи двете големи засилувања за оваа екипа Еден Азар и Марко Марин, веднаш се запишаа во листата на стрелци најавувајќи дека ќе немаат поголеми проблеми да се адаптираат во новата средина.

{youtube}Jg5TN4uVZZw{/youtube}

Два гола за „Сините“ постигна Лукаку, но информациите од Англија говорат дека овој фудбалер сигурно ќе замине на позајмица во друг клуб, по сè изгледа во таборот на Фулам.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата
- Реклама -