И покрај сиот напор да заблескате во полн сјај, плановите ви ги растура „кората од портокал“ која се појавува веднаш штом се опуштите и заборавите на строгиот антицелулитен режим. Прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат со глатка кожа да се појавите во бикини.
Многу вода
Препорачаните осум до десет чаши вода дневно не мора буквално да ги сфатите, бидејќи многу состојки содржат доволно вода за вашето тело да биде хидрирано. Жените кои редовно внесуваат храна како јаболка, краставица или грејпфрут имаат потесен струк или понизок индекс на телесна маса од оние кои течноста ја конзумираат исклучиво низ течности и сокови! Сепак, немојте да ја заборавите скапоцената вредност на обичната вода, па обидете се да ја пиете што е можно повеќе.
Овошје во боја
Овошјето со интензивни бои е богато со витамин Ц, а токму тој е значаен за скапоцениот колаген кој ја прави кожата цврста. Ако неговата количина се намали, кожата ќе изгуби еластичност, што носи до полесно правење целулит. Со доволно витамин Ц во секојдневната исхрана, во текот на вежбањето можете да согорите 30 отсто маснотии повеќе! Препорачана дневна доза на витамин Ц е до 75 милиграми.
Интегрални житарки
Продуктите кои се состојат од обработени житарки, а содржат и шеќер, како белиот леб на пример, предизвикуваат покачување на инсулинот во телото. Инсулинот праќа му сигнали на телото дека треба да ги чува мастите наместо да ги троши, а таков систем не ви е потребен. Затоа многу подобар избор се интегралните житарки кои би требало да ги јадете кога можете, било да се работи за интегрален леб или мусли, бидејќи тие имаат многу влакна и не предизвикуваат нагло зголемување на инсулинот.
Без сол и шеќер
Жените кои генерално здраво се исхрануваат имаат помалку целулит, а една од причините за тоа е фактот што во организмот не внесуваат многу сол и шеќер. Шеќерот се складира во масните ќелии и тогаш тие се прошируваат, додека солта ја задржува течноста во организмот што целулитот го прави уште полош. Затоа со филмот, наместо да грицкате чипс, направете нов вид грицкалици – свеж зеленчук (морков, краставица, пиперка) со хумус.
Морски алги
Алгите содржат супстанца со име фукостатин која му помага на човечкото тело да согорува масти. Консумирањето морски алги може да помогне во намалувањето на пет до десет отсто од телесната тежина, со што се намалува и појавата на целулит. Затоа вклучете ја оваа магична билка во секојдневната исхрана, а може да ја набавите и во облик на капсули.
Кофеински кремови
Кофеинот е еден од главните состојки на антицелулитните креми и навистина е делотворен во отпуштањето на масните наслаги и затегнувањето на кожата. Проверете ја концентрацијата на кофеин во кремот пред да го купите – резултати даваат оние што во составот содржат најмалку пет проценти од оваа состојка.
Крем со ретинол
Ретинолот е витамин А кој ја намалува присутноста на слободните радикали одговорни за разградувањето на колагенот. Ретинолот помага и во одржувањето на мазна кожа. За најдобри резултати користете стопроцентен крем од ретинол со додаток на витамин А, Ц и Е.
Уреди за масажа
Масажите даваат резултати. Целутитот се развива бидејќи фиброзно-везивното ткиво помеѓу кожата и масното ткиво ги повлекува масните џебови на површина, правејќи нерамен изглед на кожата. Масажата истовремено помага и за стимулација на циркулацијата и исфрлање на вишокот вода.