На фотографиите и едиторијалите изгледаат совршено.
На вечерните настапи и во ноќните клубови, исто така. Но, што навистина се крие под нивната облека и колкави се нивните пропорции навистина?
Не постои жена која не страда заради нејзинот однос на колкови, половина и гради не е барем блиску до онаа идеалните пропорции: 90-60-90. А атрактивните дами од естрадата постојано се обидуваат да ги достигнат и да ги промовираат.
Александра Радовиќ со години ги менува килограмите и сега е една од најзгодните пејачки во Србија. Висока е 175 см, тешка 61 килограм, обемот на гради ѝ е 85, струкот 70, а колковите ѝ се широки 95 см.
Нејзината колешка Гоца Тржан, со нејзините 160 см викочина е една од најниските српски пејачки. „Не сум баш најдобар пример за идеална градба“- низ шала вели Гоца, и открила дека нејзините мерки се 92-70-100.
Старлетата и фото моделот Сораја Вучелиќ пропорционално е најблиску до идеалните пропорции со 94-62-96. „Без вежбање ништо не може да се постигне. Многумина мислат дека мојот изглед е заслужен поради генетиката, но не знаат колку време поминувам во теретана“, вели таа.