„Крај бреговите на Охридското Езеро“ од Бранислав Нушиќ во издание на „Матица македонска“
Авторот на „Госпоѓа министерка“ и „Сомнително лице“ овде се претставува како патописец со изразено чувство за подробноста. Покрај езерските предели и знаменитостите, неговото внимание го привлекуваат обичаите, занимањата, преданијата и начинот на кој луѓето го организираат секојдневниот живот.






