Веројатно никогаш не сте размислиле за тоа, но начинот на кој ја носите чантата може да открие доста за вашата личност. Односот помеѓу карактерот на жената и начинот на кој ја чува содржината во нејзината торба го пронашла Пети Вуд, експерт за говор на телото.
Повеќе чанти одеднаш
Доколку во вас имате две, три, па можеби и повеќе чанти одеднаш, сигурно нема многу да се грижите околку тоа како ќе ви стојат и ќе се обидете само да ги наместите колку е можно поудобно. Очигледно ќе биде дека сте во брзање, зафатени и уморни, а според мислењето на Пати Вуд голема е веројатноста да сте по малку збунета личност која често знае да одлута со мислите.
Ја носите преку подлактите
Ова е омилен стил на познатите ѕвезди кои често се мета на папараците. Според толкувањето на Вуд, доколку ова е вашиот начин на носење на чантата, вие се обидувате да оставите впечаток на самоувереност и моќ. Ја носите чантата како да е некаков медал или награда и се чувствувате супериорно.
Чанта во форма на писмо
– Жената која ја држи чантата во облик на писмо од предната страна на телото покажува дека е срамежлива. Најчесто положбата додека стои е со вкрстени нозе. Тоа е одбрамбен став и доколку го применувате говори дека сте несигурни и ви е непријатно, тврди Вуд.
Чанта префрлена преку главата
Девојката која ја носи на овој начин чантата има слободни раце и свесно ја прекрива својата линија и облеката. „Тоа е корисно, но покажува дека сте малку несмасни. Ваквиот стил најчесто го гледам кај помладите девојки“.
Под пазувите
На овој начин обично ја носиме чантата бидејќи е практично. Чантата е на сигурно а вашите раце се слободни. Меѓутоа, Пати Вуд тврди дека ваквиот стил покажува дека сте необични.
Чанта како „трета рака“
Чанта која има долг каиш, но сепак наместо да е префрлена преку главата се носи само на едно рамо додека слободно паѓа од страна, укажува на тоа дека личноста не е доволно одговорна и дека нема моќ над сопствениот живот.
Куфер стил
Некои жени преферираат чанти со кратки рачки. Тоа може да се карактеризира како деловен стил и најчесто ни покажува дека жената е во брзање и дека најверојатно чантата и е тешка и преполна. „Помалку размислува за тоа како изгледа, а повеќе за местото каде што треба да пристигне“ објаснува експертката.
Чантата преку рамена, додека каишот го придржувате со раце
Доколку ја носите на овој начин чантата, безбедно сместена под лактот, тоа покажува дека сте внимателни и сакате да ги заштитите вашите лични предмети. „Ова е стил на девојките од големите градови, кои се придржуваат на советите од своите мајки и внимателно ја чуваат чантата. Тоа е мудро однесување на улица“ смета Пати.
Жени кои не носат чанта
Овие девојки покажуваат дека имаат попаметна работа и немаат време да „влечкаат“ со себе чанта. Најчесто за таа работа се задолжени други луѓе. „Кога луѓето имаат потреба да изгледаат сјајно ништо не смее да ги спречи во тоа“.